
„Суперкомпјутерот“ ја означи Англија како фаворит за титулата на Европското првенство
Едно од најголемите разочарувања во групната фаза на Европското првенство беше фудбалската репрезентација на Англија.
Препорачано
Иако Англичаните го освоија првото место во групата „Ц“ пред Данска, Словенија и Србија со пет бода, не успеаја да ја воодушеват публиката со својата игра.
Сепак, „Суперкомпјутерот“ на Опта има поинаков став. Оваа апликација за фудбалска анализа ја гледа селекцијата на Герет Саутгејт како прв фаворит за освојување на Европското првенство пред нокаут-фазата.
Според оваа пресметка, Англија на 14 јули ќе игра во финалето против Шпанија, која можеби остави најсилен впечаток до сега, но „црвената фурија“ би го загубила мечот за трофејот.
The Opta supercomputer has England as favourites going into the #Euro2024 knockout stages?
Do you agree? ? pic.twitter.com/WPVLujrngx
— Match of the Day (@BBCMOTD) June 27, 2024
До крајот на континенталниот шампионат остануваат уште 14 натпревари, а првите два осминафинални мечеви се закажани за сабота навечер кога ќе играат Швајцарија – Италија и Германија – Данска.
Кога станува збор за прогнозите на Опта за исходот од осминафиналето, Шпанија, Англија и Португалија имаат над 74% шанси да ги елиминираат Грузија, Словачка и Словенија. Германија треба да ја елиминира Данска (70%), како и Франција и Холандија да ги елиминираат Белгија и Романија (68%).
Двата меча на кои се можни изненадувања се Австрија-Турција и Италија-Швајцарија, а треба да се спомене дека според мислењето на „Суперкомпјутерот“ во тие мечеви се фаворити Италијанците и Швајцарците.