Игор Филков/Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Министерот за правда, Игор Филков вели дека Судскиот совет треба да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска. Тој не сакаше да ја коментира пресудата.

„Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт. Надлежност за извршување на пресудата од Управниот суд има Собраноето, односно, во конретноот случај има Судскиот совет. Должност на Судскиот совет е да постапи согласно пресудата и препораките и да ја повтори постапката. Да ги земе в предвид препораките на Управниот суд и да достави нов предлог до Собранието“, рече Филков.

Тој немаше коментар за тоа што ќе се случува со одлуките на Уставниот суд во кои судијката Дуковска е известител.

„Да почекаме да видиме“ рече Филков.

Министерот рече дека нема законски рок до кога Собранието треба да изврши избор на уставен судија.

Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година како неуставен и незаконски.

Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле противуставно, првата е Судскиот совет, преку ускратување на правото на еднаква можност на останатите кандидати, а втората е Собранието, кое со 64 гласа „за“ ја избра Дуковска за уставна судијка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот