фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Судот за спортска арбитража „дреме“, Синер ќе биде на маки уште неколку месеци

Првичната информација беше дека Судот за спортска арбитража во јануари ќе пресече околку можната суспензија за светскиот тениски број 1 поради допиг, но тоа ќе се одолговлече

Јаник Синер ќе мора да биде трпелив.

Италијанецот се уште е под ризик да биде суспендиран од една до две години по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) до Судот за спортска арбитража (КАС). Но, светскиот тениски рекет број 1 ќе мора да почека уште неколку месеци пред да дознае дали ќе биде суспендиран.

Иако првичните информации велеа дека КАС ќе се изјасни во јануари, тоа сепак ќе биде многу подоцна.

– КАС на својата веб-страница го објави списокот на сослушувања што ќе се одржат до 11 февруари 2025 година. Меѓу нив ГО НЕМА она на Јаник Синер, чие сослушување затоа ќе се одржи по овој датум – нагласува италијанскиот новинар Џовани Пелацо.

Синер беше првично ослободен од вина, по неговите два позитивни допинг-теста минатиот март, но, потоа се вмаша ВАДА и случајот дојде до КАС…

Иако Синер на теренот не изгледа оптоварен со целата афера, ќе мора да живее уште неколку месеци со Дамоклов меч над главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот