Фото: BONEKphoto / Alamy / Alamy / Profimedia

Судот во Германија осуди тројца мажи кои планирале вооружен отпор за време на пандемијата

Судот во Германија осуди тројца мажи на затворски казни за планирање насилен отпор против епидемиолошките мерки за време на пандемијата на корона вирусот.

Окружниот суд во Кобленц го осуди главниот обвинет на вкупна затворска казна од две години и девет месеци за основање криминална организација и формирање вооружена група.

Останатите двајца обвинети добија условни казни од еден и три месеци, односно една и пол година, со обврска да платат парична казна од по 1.000 евра.

Според судот, тројцата обвинети заедно формирале група наречена Паладин, каде лидер бил 39-годишниот осуден.

Целта на групата била да се одбрани од владините мерки за време на пандемијата, користејќи оружје доколку е потребно. Според сознанијата на судот, обвинетите правеле оружје со помош на 3Д принтери, а наводно одржувале и паравоени вежби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот