
Субвенции за поправка и поставување нови лифтови во зградите во Кисела Вода
Општина Кисела Вода распишa два јавни повика за доделување субвенции за поправка и санација на постоечки лифтови, како и за поставување нови лифтови во колективни станбени згради на територија на општината.
Првиот повик се однесува на санација и поправка на постоечките лифтови, преку кој ќе се обезбеди финансиска помош за делумен финансиски надомест на трошоците што ги направиле заедниците на сопственици и управителите на згради при санацијата на лифтовите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поддршката ќе изнесува до 30% од вкупната вредност на санацијата, но не повеќе од 200.000 денари по влез, а вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 600.000 денари. Средствата се предвидени преку Програмата на секторот за месна самоуправа во буџетот на Општината. Вториот повик се однесува на финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени згради. За таа намена, за 2025 година се предвидени 2.000.000 денари, а поддршката ќе изнесува до 50% од вкупната вредност на проектот, но не повеќе од 500.000 денари по влез, посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Критериумите и потребната докумантација, како и сите детали околу двата повика се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
14мин
-
20мин
-
54мин
-
58мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5