Фото: Профимедиа

Студија: Пицата може да помогне во ублажување на болните симптоми на автоимуна болест

Студијата покажува дека пицата може да помогне во ублажување на болните симптоми на исрпувачка состојба.

Пицата е една од омилените брзи храни, а изгледа дека и не е толку лоша за нашето здравје. Ако е подготвена со свежи состојки, пицата може да ги ублажи симптомите на ревматоиден артритис, покажа истражувањето.

Станува збор за автоимуна болест која се појавува кога имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа здравите клетки, предизвикувајќи воспаление и оток. Болната состојба предизвикува вкочанетост во зглобовите, а лек не постои.

Научниците од Италија, татковината на пицата, открија дека јадењето најмалку половина пица неделно може да помогне да се намалат болките предизвикани од ревматоиден артритис до 80 отсто.

Експертите велат дека ова се должи на противвоспалителните својства кои се наоѓаат во некои свежи состојки.

„Корисните ефекти веројатно се предизвикани од моцарелата и, во помала мера, од маслиновото масло, но не можевме да го процениме можниот ефект на сосот од домати“, напишале истражувачите во заклучокот од студијата објавена во списанието Nutrients.

Експертите ја анализирале врската помеѓу консумирањето пица и нејзиниот ефект врз ревматоидниот артритис кај 365 луѓе на возраст меѓу 18 и 65 години. Учесниците кои јаделе половина пица повеќе од еднаш неделно пријавиле намалување на болката во споредба со оние кои јаделе две пици месечно. Оние со потешки форми на болеста кои јаделе половина пица неделно доживеале намалување на болката за 80 отсто во споредба со групата која поретко го консумирала италинскиот деликатес – пица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот