
Студија открива дека сопствениците често ги занемаруваат забите на милениците
Секој сопственик на куче се грижи за здравјето на својот миленик, но здравјето на забите најчесто се занемарува и се „остава за друг пат“, што значи дека кучињата често страдаат во тишина, пишува „Љубимци“.
Препорачано
Дури и ако редовно му ги миете забите на вашето куче или му давате најдобри грицки за одржување на усната празнина и забите, нова студија на компанијата „Пурина денталајф“ открива дека скоро третина од сопствениците (30 отсто) го игнорираат непријатниот здив кај милениците, мислејќи дека тоа е нормално за кучињата. Истовремено, 42 отсто од испитаниците рекле дека нивните кучиња страдаат од ист проблем, а четвртина од сопствениците не можеле да проценат дали забите и непцата на нивните миленици се во добра состојба.
Речиси една четвртина од сопствениците забележале дека нивните кучиња тешко џвакаат, 23 отсто пријавиле воспалени непца, а 13 отсто виделе како нивните кучиња со шепа си ја чешаат устата. Повеќе од третина од испитаниците ја одложиле посетата на ветеринар, надевајќи се дека стоматолошките проблеми „сами ќе поминат“, а само 41 отсто рекле дека би отишле веднаш. Само една четвртина од сопствениците (25 отсто) ги поврзуваат симптомите како што се сонење или промени во однесувањето со стоматолошки проблеми.
За 22 отсто од сопствениците интернетот е првото место за информации, при што 32 отсто неделно бараат совети за здравјето и однесувањето на своето куче на социјалните мрежи. Но, дури 74 отсто изјавиле дека ништо не разбираат по читањето такви совети. Изненадувачки, многумина сè уште не знаат дека човечката паста за заби не смее да се користи кај кучиња.
Забните заболувања погодуваат над 80 отсто од кучињата постари од три години и често остануваат незабележани. Раните знаци (непријатен здив, црвени или отечени непца, наслаги и забен камен) лесно се игнорираат, но инфекцијата може да напредува и да влијае врз целокупното здравје на кучето. Затоа секојдневната нега на забите е од огромна важност: редовното миење на забите е идеално, иако многу сопственици сметаат дека е претерано. Но, доколку кучето има постојан лош здив, црвени или крвави непца, одбива храна или џвака со болка – време е за ветеринар.
Повеќе од 60% од сопствениците им даваат на своите миленици грицки или дентални стапчиња, додека 43% ги носат на професионално чистење на заби. Дури 40% сами им ги мијат забите на кучињата дома, а од оние што не го прават тоа, третина (34%) велат дека кучињата не им дозволуваат, додека 14% сметаат дека тоа не е потребно.