МЗТ ја брка првата победа во АБА лигата/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Студентски центар е шансата на МЗТ за прва победа во АБА лигата

Повратникот во АБА лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром во првите три кола претрпе убедливи порази од најголемите фаворити за највисок пласман, Црвена звезда (67:87), Партизан (74:92) и Будуќност (66:89).

Следен противник на македонскиот шампион е КК Студентски центар Дерби од Црна Гора, дуел закажан за в сабота од 20.30 часот.

Тоа е тим надвор од големата четворка, што дава надеж дека со добра игра и голема помош од трибините ќе можат „металците“ да дојдат до првата победа сезонава во регионалното натпреварување.

Составот е ист како и на претходните три меча, што значи дека тренерот на МЗТ Александар Петровиќ на располагање ќе ги има сите освен подолго време повредениот Адем Мекиќ.

Мечот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, а влезниците се веќе пуштени во продажба онлајн на „karti.com.mk“ и на МК Тикетс, преку продажните места на МК Тикетс, како и на билетарницата пред спортскиот центар во Аеродром. За блоковите 5, 6, А2, А3 и А6 цената е по 150 денари, додека за сите останати места во салата цената на билетите е по 100 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот