unsplas

Студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди во септември, вели Мицкоски

Владата во септември ќе ги додели ваучерите од 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди. Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи – вели тој.

Сите студенти ќе добијат ваучер од 250 евра за набавка на таблети

Како што изјави Мицкоски, ваучери ќе доделат на околу 55 илјади студенти на приватните и државните универзитети.

Студентите, со заверка на семестарот во септември ќе можат да ги искористат овие средства за набавка на електронски уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот