фото: facebook.com/Fcstruga

Струга и Вардар ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

Ги дознавме финалистите кои ќе играат за трофејот оваа натпреварувачка сезона 2024/2025 во фудбалскиот Куп на Македонија, Вардар и Струга.

На реваншот помеѓу екипите на Струга и Шкендија немаше победник (1:1). По првиот дел водеше Струга со погодокот на Укпа во 20 минута, а тетовскиот клуб израмни во финишот од вториот по автоголот на Радиќ (90+2`).

Благодарение на победата од 2:1 во првиот меч, Струга обезбеди пласман во финалниот меч.

За Струга ова ќе биде второ куп финале, првото го имаше во 2023 година кога загуби од Македонија ЃП.

Брера и Вардар исто така одиграа 1:1 во возвратниот дуел, струмичкиот тим водеше од 34 минута со голот на Јанкулоски, а скопскиот клуб го избегна поразот во 58 минута кога стрелаше Талевски.

Благодарение на убедливата победа во првите 90 минута од 3:0, Вардар оди во финалниот меч.

Вардар после 18 години повторно е во куп финалето. Скопските „црвено-црни“ вкупно шест пати играле во завршната битка за пехарот, вкупно пет пати досега го имаат освоено куп трофејот, последен пат во 2007 година, а единствено загубија во 1996 година на пенали од тогашната Слога Југомагнат на пенали.

Според најавите, куп финалето Вардар – Струга е закажано за 21 мај од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот