Страшна несреќа во заливот кај Тиват: Големите бранови исфрлија луѓе на карпи, едно лице се удави, тројца се повредени

Трагедија на Црногорското крајбрежје. Едно лице го загуби животот, а тројца се повредени во инцидентот што се случи околу 18:00 часот во заливот Траште, близу Луштица, кај Тиват.

Според неофицијални информации, млад човек се удавил во големите бранови поттикнати од силниот ветер, а три лица се повредени – најверојатно кога брановите ги фрлиле на карпите на брегот, објави nova.rs.

Помош за повредените стигнала од екипата на Службата за вонредни ситуации од комплексот Луштица Беј, која и покрај многу тешките услови на море, успеала да го извади телото на удавениот.

За инцидентот била информирана и Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора (УПСУЛ), која ги координирала напорите на спасувачките служби.

Инаку, УПСУЛ денеска имаше дури пет акции за спасување на капачите на плажата Велика во Улцињ, чии животи беа загрозени поради невнимание и непочитување на црвените знамиња кои беа истакнати на плажите за капачите поради опасноста предизвикана од големите бранови и силниот ветер, пишува Вијести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот