Стоп за Вардариште

„Стоп за Вардариште“: Нашата иницијатива е чесна и независна, не сме во служба на ниту една политичка партија

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште” излегоа со соопштение до јавноста во кое ги демантирааат тврдењата на В.Д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески дека нивните протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација.

„Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца. Протестите ги организираме и ги водиме единствено ние – граѓаните. Никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели. Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции“, се вели воо соопштението.

Оттаму ги повикаа сите сограѓани да останат обединети, да не подлегнуваат на дезинформации и да не дозволат, како што велат, нечија политичка агенда да ја попречи искрената борба.

Од „Стоп за Вардариште“ соопштија дека протестите продолжуваат секој ден во 18:00 часот, на крстосницата кај мостот Близнак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот