Столтенберг: Северна Македонија ќе биде обврзана да го почитува членот пет на НАТО повелбата

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Северна Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, потсети дека Северна Македонија секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Северна Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што во новиот закон се користи уставното име на земјата, Северна Македонија.

Во сегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на Северна Македонија во Алијансата.

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот