epa09037523 NATO Secretary General Jens Stoltenberg speaks to the press ahead of a video conference on security and defence and on the EU's Southern Neighborhood, in Brussels, Belgium, 26 February 2021. EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Столтенберг: ЕУ не може сама да ги заштити своите граѓани

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска предупреди дека Европската унија не може сама да ги заштити своите граѓани без помошта на трансатлантската организација, пренесуваат француските медиуми.

Некои лидери на ЕУ инсистираат Унијата да развие поголема „стратешка автономија”, потег што некои го сметаат за создавање  ривалство меѓу Брисел и Вашингтон. Но, Столтенберг, при посетата на Колеџот на Европа, изјави дека земјите-членки на ЕУ кои се членки и на НАТО обезбедуваат само една петтина од вкупните трошоци за одбраната на Алијансата, што ги штити европските територии.

-Европската унија, која троши повеќе за одбраната, која инвестира во нови можности и ја намалува фрагментацијата во одбранбената индустрија, е корисна не само за европската безбедност. Тоа е добро и за трансатлантската безбедност, кажа Столтенберг, разговарајќи со директорката на Колеџот, поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини.

„Но, ЕУ не може сама да ја одбрани Европа. Повеќе од 90 проценти од граѓаните на ЕУ живеат во земја членка на НАТО. Но, членките на ЕУ обезбедуваат само 20 проценти од трошоците за одбрана на НАТО”, посочи Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијанската, исто така, истакна дека иако 21 членка на Европската унија се и членки на НАТО, нивните ранливи земји често пати се заштитени од сојузници кои не се членки на ЕУ, и имаат поголеми трошоци за одбрана.

Не станува збор само за пари, туку за географија, рече тој, истакнувајќи ја блиската соработка меѓу двете институции чии седишта се во Брисел.

„Исланд и Норвешка, на север, се портите на Арктикот. Турција на југ се граничи со Сирија и Ирак. И на запад, САД, Канада и Велика Британија ги поврзуваат двете страни на Атлантикот”, кажа тој.

Европската комисија сака да преземе повидлива геополитичка улога со усвојување на посилна надворешна политика и развој на европската одбранбена индустрија.

Некои лидери на ЕУ, особено францускиот претседател Емануел Макрон, отидоа подалеку, прашувајќи се дали стратегијата на НАТО не е во состојба на „мозочна смрт” во светот по Студената војна.

Но, други, вклучувајќи го и Столтенберг, гледаат можност при изборот на Џо Бајден за претседател на САД да ги обноват трансатлантските врски што се распаднаа под администрацијата на Доналд Трамп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот