По 43 пат се одржа Илинденскиот пливачки маратон/Фото: facebook.com/Пливачки-Спортски-Клуб-Челични-Штип

Стојаноски и Неделковска победници на Илинденскиот пливачки маратон

Кај мажите триумфираше Кристијан Стојаноски, а во женска конкуренција најдобра беше Ивана Неделковска на натпреварувачи постари од 17 години на Илинденскиот пливачки маратон.

Овој маратон традиционално се одржа по 43 пат во водите на Охридското езеро.

Во групата до 16 години на првата позиција се најде Никола Велковски, пред Стефан Тодоров и Сергеј Малјановски Арнаудовски.

Во женска конкуренција првопласирана беше Сара Јанковиќ, на второто место Нада Миленковска, а трета беше Росана Гошева.

Пливачкиот клуб „Охридски бранови“ е организатор на Илинденскиот пливачки маратон, а се оржа под покровителство на Општина Охрид.

На овој настан беа пријавени вкупно 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција. Се натпреваруваа од плажата „Горица“ до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот