фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Стојан Илиев е првото звучно засилување за одбојкарскиот клуб Штип УГД

Одбојкарската федерација на Македонија на 1 јули го отвори летниот преоден рок за домашни играчи во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/2026.

Според правилниците на ОФМ летниот трансфер период ќе трае до 7 септември.

Освојувачот на Купот на ОФМ 2025, Штип УГД уште на првиот ден го најави своето прво засилување репрезентативецот Стојан Илиев.

Станува збор за 26-годишен примач кој потекнува од Струмица, неколку години има статус на интернационалец, а во Штип доаѓа од таборот на хрватска Марсонија.

Илиев е првото звучно засилување за штипскиот тим, кој во новата сезона ќе дебитира на европската сцена со настапот во ЦЕВ Челинџ купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот