Стоилковски: Во следниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи дали ќе учествува во техничката влада

Наум Стоилковски
Наум Стоилковски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ сѐуште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада што треба да биде избрана на 28 јануари и чиј премиер согласно предлогот на ДУИ треба да биде Талат Џафери, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада, рече Стоилковски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.

Тој нагласи дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.

Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, посочи Стоилковски.

За изјавата на ДУИ дека следен проект им е шеф на државата, Стоилковски рече дека следен проект на ДУИ е заминување во длабока опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот