Стоилковски, Арсовски и Митева влегуваат во управните одбори на ЈСП и „Водовод и канализација“, Жугиќ на МКЦ, Фото: Архива

Стоилковски, Арсовски и Митева влегуваат во управните одбори на ЈСП и „Водовод и канализација“, Жугиќ на МКЦ

На третатата седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 29 декември, меѓу другото ќе се расправа за избор на претседатели и членови на управните одбори на јавните претпријатија и на културните институции под надлежност на Градот. Меѓу предложените се и имиња на луѓе активни во политичкиот живот.

Па така, во управните одбори се најде место и за портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски е предложен за член на УО на ЈСП „Скопје“, а Марија Митева за член на УО „Водовод и канализација“. На Митева „друштво“ ќе и прави и сопартиецот Димче Арсовски.

Во УО на ЈСП ќе се најде и Емил Јанчески од Левица.

Актерката Јелена Жугиќ и поранешен советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ влегува во Управниот одбор на Младински културен центар, како и Жарко Масларовски од Левица.

На предлозите за членови на управните одбори стои името на Трајко Славески, кој е претседавач со Советот, а предлагачи се група советници.

На предложените членови реагираше Мартин Попов, организациски секретар и советник во Советот на Град Скопје од СДСМ, кој посочи дека „независната“ градоначалничка Данела Арсовска тргнува во груба партизација на јавните установи и јавните претпријатија под надлежност на Градот, со предлог за поставување лица на режимот на клучни позиции.

-Предлог-листите за членови на управните и на надзорните одбори на јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ – рече Попов на прес-конференција, посочувајќи на Арсовски, Митева, Стоилковски и Жугиќ.

Според него, Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот