Фото: Фејсбук / Иван Стоилковиќ

Стоилковиќ на Кајмакчалан со српски министри ја одбележа годишнината од битката во Првата светска војна

Со присуство на политички и воени делегации од Грција и Србија, во кои беа и министрите во српската влада, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски и Братислав Гашиќ, пред црквата „Св. Илија“ на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, на македонска територија, викендов се одбележуваше годишнина од битката на Кајмакчалан во Првата светска војна.

За настанот, српските министри објавија цели пропагандни патриотски видеа на социјалните мрежи, од кои речиси и да не може да се открие дека настанот се случил во Македонија. Македонското знаме, на пример, се гледа само во две секунди од монтирано видео што го сподели Ѓурѓевиќ Стаменковски, српската министерка за труд и социјална политика.

Фотографии од одбележувањето на Кајмакчалан објави и вицепремиерот за односи со заедниците во македонската влада, Иван Стоилковиќ, кој се сликал со српските министри. Тој заедно со фотографиите објави и пригодна српска патриотска порака.

Фото: Фејсбук / Иван Стоилковиќ
Фото: Фејсбук / Иван Стоилковиќ

На Кајмакчалан во септември 1916 година се воделе тешки борби меѓу бугарската армија од една страна и француската и српската војска од друга страна, а битката се смета за една од најважните на Македонскиот фронт, познат и како Солунски. Во неа загинале илјадници војници од двете страни. Многумина од учесниците во битката и од загинатите во неа биле Македонци од Мариово и од Егејска Македонија, присилно регрутирани и од Бугарите и од Србите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот