Милош Латиновиќ, прозаист и драматичар / Фотографија: Анѓелко Васиљевиќ

Стилската оригиналност на Милош Латиновиќ се препознава во збирката „Лида Барова и други драми“

Неодамна од печат излезе изборот драми на познатиот српски прозаист и драматичар Милош Латиновиќ со наслов „Лида Барова и други драми“. Во книгата се застапени драмите: „Лида Барова“, „Бардо“, „Случајот Пазолини“, „Маерлинг, или кој го напишал бре ова…“ и „Крвта на црвениот петел“.

„Кога ќе ја погледнете оваа збирка драми, низ умот ви прелетува една мисла, а тоа е: дали во овие ископани вистини лежи манипулацијата на човекот и зошто историската неправда секогаш мора да биде свиткана во обландата на постхумната слава.

Насловна корица на книгата во издание на „Перун Артис“

Овие драмски дела ќе ги препознаеме токму по констелацијата и по стилската оригиналност на еден автор кој знае да ја испрати репликата на вистинското место и да го помести драмското дејствие во сосема неочекуван правец понудувајќи ни дури и факти што дотогаш не сме ги знаеле. Затоа би рекле дека историјата во овие пет драми е слугинка што на овој автор му го донесува она што му треба, а потоа си заминува молчешкум свиткувајќи си го грбот пред неговата писателска интерпретација.“

Драмите на Милош Латиновиќ се во издание на „Перун Артис“ од Битола и во превод на Сашо Огненовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 258, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30.11.-01.12.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот