Д-р Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника, Фото: Слободен печат

Стевановиќ: Примената на заштитните мерки од круцијално значење за спречување на ковид-19

Она што како лекција мора да го научиме е дека заедно со процесот за вакцинација, примената на толку едноставните мерки за заштита од ковид-19 е од круцијално значење за спречување на пандемијата, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Таа во гостување во вестите на телевизија Сител изјави дека не очекува олеснувањето на мерките за време на велигденските и првомајските празници да резултира со зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19, бидејќи, како што нагласи, станува збор за многу кус период.

– И покрај олеснувањето на мерките, тоа не значи дека не треба да се почитуваат заштитните мерки. Маската и дистанцата се минумум мерки што секој еден поединец треба да ги применува, за своето, но и за општото добро – потенцира Стевановиќ.

Таа апелираше до граѓаните да не се собираат во поголеми групи во своите домови за време на Велигден и дека ако веќе сакаат да го чествуваат празникот со членовите на своите пошироки семјества тоа да го направат на отворен простор.

– Можеме да направиме еден поинаков Велиден со кршење и размена на јајца во природа, за што ќе бидат наклонети и временските услови. Мерките се многу едностави и се применливи, само треба да се сака да се применуваат – додаде Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот