Стефан Стојановиќ (десно од фото) со сребрениот медал во Пореч, Хрватска/Bosko Zaborski

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска. Во финалето во категоријата над 84 килограми македонскиот каратисти се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан.

Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист.

До финалето во својата категорија Стојановиќ ги оствари следниве резултати во борбите против: Матко Зеленика (Хрватска) 1-0; Омар Абделбаки (Египет) 1-0; Данил Касаинов (Украина) 4-0. Во полуфиналето тој беше подобар од Зајед Албиши од Саудиска Арабија, со кого мечот заврши 2-0.

Карате клубот „Макпетрол“ има пет претставници во тимот на Македонија кој учествува на Карате 1 Младинската лига во Пореч. Покрај Стојановиќ, дел од овој турнир се: Јована Мицовска (-61 кг.), Димитар Лозаноски (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.). Тимот на „Макпетрол“ го предводи тренерот Петар Заборски.

На Светската Карате 1 Младинската лига настапуваат 3,639 каратисти со 3,714 натпреварувачки влезови од 74 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот