фото: ФК Пелистер

Стефан Спировски е нов фудбалер на Пелистер

Стефан Спировски (34) од денеска официјално повторно е играч на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола.

Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со својот матичен клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да се исполнат целите во сезоната 2025/26.

Откако во 2009 година го напушти Пелистер, Спировски настапуваше во Борац Чачак, Работнички. Вардар, а изгради и интернационална кариера со настапи во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.

За македонската фудбалска А репрезентација запиша 55 настапи, а беше дел и од Европското првенство во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот