Фото: МОК

Ставре Јада со одличен настап во Трондхајм обезбеди учество на Зимските олимписки игри во Милано

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за настап на Зимските олимписки игри што следната година ќе се одржат во Милано, Италија.

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех.

На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот