Фото: Screenshot/instagram.com/fcshkendija

Стартниот состав на Шкендија за дуелот против Рајо Ваљекано во Конференциската лига

Денеска од 18.45 часот во Мадрид на „Естадио де Ваљекас“ фудбалерите на Шкендија ќе го играат првиот натпревар оваа сезона во УЕФА Конференциската лига.

Противник на играчите на Јетон Беќири е шпанскиот Рајо Ваљекано кој ја има фаворитската улога, но тетовските „црвено-црни“ ветуваат дека ќе го дадат максимумот во обидот да извлече позитивен резултат.

Актуелниот македонски шампион ќе го стартува денешниот меч со следните 11:

– Гаје, Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумчи, Рамадани, Џака, Љатифи, Красниќи, Тамба, Б. Ибраими.

На спротивната страна за тимот предводен од тренерот Иниго Перез од првата минута ќе играат.

– Батаља, Балиу, Лежен, Вертроувд, Алфонсо Еспино, Трехо, Гумбау, Лопез, Гарсија, Камељо, Ф. Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот