
ССМ одбележа 79 години од постоењето
Од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 20 претседатели. Последниот Конгрес на ССМ, се одржа на 30 јуни 2023 година и на него за претседател беше избран Слободан Трендафилов
ССМ функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството, а приоритет се правата, интересите и потребите на работниците.
Препорачано
Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија се одржал на 18-21 август 1946 година во парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова на од војна опустошената земја.
Првиот слободен синдикален Конгрес на работниците во Македонија, покрај своето мобилизациско значење, значително допринел и за понатамошното организациско зацврстување и оспособување на синдикатите за изградба на земјата. Периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќал скоро целата работничка класа во Македонија.
Од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 20 претседатели. Последниот Конгрес на ССМ, се одржа на 30 јуни 2023 година и на него за претседател беше избран Слободан Трендафилов.
Сојузот на синдикатите на Македонија од 2011 година е полноправен член на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ИТУЦ), на Регионалниот синдикален совет СОЛИДАРНОСТ и на Паневропскиот регионален совет на синдикатите од Југоисточна Европа (ИТУЦ-ПЕРК), а од 2015 година е полноправен член на Европската конфедерација на синдикатите (ETУЦ).
Со гордост денес, ССМ е најзначаен дел од синдикалната историја, а активноста на ССМ континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес ги обединува и застапува зедничките општествени, економски и социјални интереси на членството и работниците, а во ССМ се здружени 18 синдикати на повисоко ниво.
Сојузот на синдикатите на Македонија е единствениот потписник на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и Општиот колективен договор за јавен сектор, а преку Општите колективни договори обезбедува и уредува поповолни права за сите работници во приватниот и јавниот сектор, додека синдикатите здружени во ССМ имаат склучено 13 колективни договори на ниво на оддел или група (грански колективни договори).
Исто така, ССМ учествува во работата на: Економско социјалниот Совет, Националниот совет за евроинтеграции, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, Националното координативном тело за спречување и заштита од дискриминација, управните одбори на: Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување.
Сојузот на синдикатите на Македонија е репрезентативен синдикат на ниво на територија, во јавен и во приватен сектор.