Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Српските земјоделци в понеделник излегуваат на протести во Нови Сад
Земјоделци од шест здруженија во Србија најавија дека ќе започнат протест в понеделник, 15 септември напладне, со трактори пред зградите на Владата и Собранието на Војводина поради неисполнети претходни барања за гориво, кредити и долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува Данас.
Препорачано
Претседателот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Горан Филиповиќ, за агенцијата Бета изјави дека кон неисполнетите барања од претходните договори со Министерството за земјоделство, додале и барање за помош од 300 евра по хектар за регистрирани обработливи и овошни насади во системот е-аграр.
Како што изјави, протестот ќе започне напладне и ќе трае еден ден, а во случај државата да не ги исполни нивните барања во рок од десет дена, тие ќе продолжат со протестите, а ги повикаа граѓаните да ги поддржат.
Одлуката за протестот беше донесена синоќа.
Филиповиќ рече дека состојбата во земјоделството е неодржлива и дека сушата уништила од 50 до 100 проценти од родот на пченка и соја, како и други култури и овошје, и дека Министерството за земјоделство „молчи“.
Тој исто така истакна дека земјоделците повеќе нема да започнуваат разговори со надлежното министерство, бидејќи не го почитуваат договорот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
36мин
-
59мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5