Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Српскиот репрезентативец Урош Митровиќ доаѓа во РК Вардар 1961
Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ (20) во иднина ќе биде член на ракометниот клуб Вардар 1961. Доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година.
Препорачано
Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србија и настапуваше и во квалификациите за Европското првенство во 2026 година. Настапуваше и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз, а играше и во Лига Европа каде екипата стигна до главната фаза.
Пред да замине за Франција, една сезона беше во Австрија во екипата на Брегенц, и една година во Висла Плоцк во Полска. Во Србија го носеше дресот на Врбас и на Црвенка.
Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигна 34 голови.
– Голема чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло – изјави Митровиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5