Поглаварите на СПЦ и МПЦ-ОА, Порфириј и Стефан, Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Српскиот патријарх Порфириј во посета на Скопје – ќе присуствува на Светосавската академија

Патријархот на Српската православна црква, Порфириј ќе присуствува на церемонијата по повод празникот на српската заедница вo Македонија – Денот на Свети Сава.

Порфириј ќе биде гостин на Македонската православна црква. На Светосавската академија, патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ најави дека покрај Порфириј, на свеченото одбележување на празникот ќе присуствува и министерот за дијаспора на Република Србија и други министри на нашиот северен сосед.

Денот е официјален празник и неработен ден за претставниците на српската заедница во Македонија.

Минатата година во чест на Св. Сава во Скопје присуствуваше и претседателот на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот