Фото: Принтскрин/Јутјуб

Српски гастроентеролог тврди: Од оваа храна по постот најпрво страда панкреасот

По долгиот празничен пост, многу луѓе веднаш почнуваат да консумираат во големи количини сѐ што не смееле да изедат за време на постот. Богатата трпеза е полна со намирници кои предизвикуваат гасови и надуеност по постот.

За правилно прекинување на постот, како и за намирниците кои се тешки за организмот, зборувал гастроентерологот проф. д-р Војислав Перишиќ на телевизијата К1.

– Приспособувањето на ензимските функции во системот за варење зависи од влегувањето на супстратите. Ако не внесуваме масти, а потоа наеднаш ги внесеме во огромни количини, ризикуваме да добиеме акутен панкреатит. Кога постиме, ќе направам дигресија, не можеме да очекуваме значителни физички и интелектуални перформанси – рекол лекарот и додал:

– Ние со постот го чистиме организмот од материи кои го бомбардираат мозокот, но ако го намалиме внесот на калории, пукаме како ѕвечалка. Не можете да се занимавате со нешто посериозно, доколку сте консумирале трева и зелена салата. Проблемот е во намалениот внес на масти, нив ги нема во постот, а потоа нема ниту витамин Б12. Нема добри активности на мозокот без месо, риба и јајца – објаснил тој.

Намирници кои треба да се консумираат и оние кои предизвикуваат гасови

– Можеме да ги зголемиме протеините, но оние посните, „сувите“. Потоа влакна и витамини, но не смееме веднаш првиот ден да претераме со масти. На дигестивниот систем му требаат неколку дена да се приспособи на нив, за да можат ефикасно да се сварат – рекол д-р Перишиќ.

Д-р Перишиќ објаснил на кој начин се создаваат гасови и кои намирници предизвикуваат подуеност.

– Гасот во желудникот е 15 отсто од проголтаниот воздух, а во цревата 75 отсто е производ на ферментација. Е сега, што ферментира? Се работи за намирници кои содржат нескробни јаглехидрати, ние не можеме да ги разградиме и тие потоа ферментираат, тоа е една нетолеранција која создава гасови – објаснил лекарот.

Намирници кои предизвикуваат гасови и подуеност:

– кромид
– грав
– грашок
– боранија
– карфиол
– брокула
– целер
– ‘рдоква
– јаболка
– круши
– сливи
– праски
– кајсии
– смокви
– калинка

Пијалаци како чаеви и пиво исто така можат да предизвикаат проблем во желудникот.

– Јас кога јадам скара, барам и млад кромид, и тоа на сите им го велам, изедете шест до седум струка млад кромид кога консумирате месо од скара. Мастите се прооксидантен бум, а антиоксидантот од младиот кромид тоа го неутрализира. Сè си има своја намена, затоа Господ ни дал и зеленчук, за да можеме да комбинираме антиоксиданти со тешка храна, да добиваме витамини и потоа сме мирни – заклучил д-р Перишиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот