
Српската опозиционерка Тепиќ го повика Вучиќ да каже кој стои зад рускиот камп за обука во Србија
Заменик-претседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да каже кој се крие зад името „Николај од Москва“, кој пред три месеци организирал паравоен камп за проруски платеници во областа „Сончева река“ во Србија, пренесе „НоваС“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Обучените платеници, според молдавските, но и според српските власти, имале задача да предизвикаат немири во други земји.
„Кој е тој Николај, кој му платил на Лазар Поповиќ со криптовалута, а потоа подигнал пари на својата сметка и ѝ платил на управничката Драгица за сместување и обука на овие проруски платеници кај нас?“, праша Тепиќ и додаде:
„Рускиот амбасадор Боцан-Харченко и Вучиќ треба да им кажат на граѓаните на Србија дали сето ова е организирано по наредба на Руско-српскиот комитет за борба против шарените револуции? Бидејќи како можеме да веруваме дека во Србија повеќе нема паравоени кампови? И како можам да знам дека таму нема хорди што се обучуваат за подготовка или уште полошо масовни напади и терористички акти тука, во Србија?“
Минатата недела, молдавската полиција во голема акција уапси членови на паравоена група, кои наводно планирале да предизвикаат хаос во земјата за време на изборите, во корист на проруска партија во земјата. Некои од приведените пред камери признаа дека поминале специјална обука во Србија, по што српските безбедносни служби уапсија двајца луѓе за организирање борбено-тактичка обука во близина на Лозница.