Фото: илустрација / Leo Hidalgo / Flickr

Средовечен скопјанец нападнал девојче во кино, чукало со нозете по неговото седиште

Во киното во трговскиот центар „Сити мол“ вчера се случил инцидент во кој, според пријавеното во полиција, 45-годишен човек физички нападнал малолетно девојче, поради тоа што тропало со нозете по столчето на кое седел нервозниот скопјанец, соопшти МВР.

„На 05.06.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кино сала во трговски центар на подрачје на Карпош, А.Ш.(45) физички нападнал малолетничка од Скопје откако, според пријавеното, таа претходно удирала со нозете по седиштето на кое тој седел“, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека работат на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот