Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN/BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Среде гласините за разделба: Бен Афлек и Џенифер Лопез ја продаваат семејната куќа за 60 милиони долари

Вилата во Бел Ер, која популарната двојка ја купи по нивната венчавка, се наоѓа на пазарот на недвижности за 60 милиони долари.

Се почести се гласините за криза во бракот на познат пар, а неодамна беше објавено дека Бен Афлек се иселил од палатата. Исто така, Џенифер Лопез неодамна беше забележана без бурма, што според некои значи дека бракот на парот е во криза.

Неодамна Лопез на својата веб-страница објави дека нема да ја одржи турнејата „This Is Me…Live The Greatest Hits“ и дека оваа одлука ѝ била многу тешка.


Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа по вторпат на раскошна церемонија на неговиот имот во Џорџија. На церемонијата присуствуваа нивните деца, но и бројни познати личности.

Среќната двојка стапи во брак 20 години откако првпат почнаа да се забавуваат и решија да се свршат, но во 2003 година ја откажаа венчавката, обвинувајќи го големиот медиумски притисок за нивната разделба.

Двојката најмила агент за недвижности за да ја продаде нивната вила која е на пазарот околу две недели, но сепак нема сериозни купувачи. Вилата што сега ја продаваат е купена за 50,85 милиони долари, а сега е на продажба за 60 милиони долари.

Вилата располага со 17 спални соби, 30 бањи, паркинг за 80 возила, како и комплетно опремен спортски комплекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот