Средба Османи – Фидан: Договорено формирање стратешки совет меѓу двете држави

Фото: МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на учеството на Анталија дипломатскиот форум, остварил средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

Како што соопштија од МНР, Османи и Фидан изразиле задоволство од нивото на севкупните односи меѓу двете земји, кои се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, додека за зајакнување на истото се договориле да се иницира заедничка средба меѓу двете влади, а договорено било и формирање стратешки совет мешу двете земји

Оваа година ќе одбележуваме 32 години од воспоставувањето дипломатските односи меѓу нашите земји, повеќе од три децении откако Турција во континутитет претставува наш важен пријател и сојузник на Северна Македонија. Оттука, наша обврска е да продолжиме да го негуваме ова наше традиционално партнерство преку заедничка средба на двете влади, истакнал Османи.

Во врска со трговската размена меѓу двете земји Османи подвлекол дека е во постојан раст последните пет години, но дека исто така се цели кон користење на сите потенцијали за економска и туристичка соработка.

Шефовите на дипломатиите Османи и Фидан разговарале и за мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, особено сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата.На средбата, се посочува во соопштението од МНР, биле разменетиа мислења и за други актуелни прашања од надворешната политика, како и за предизвиците од новите геополитички околности.

За време на престојот во Анталија, Османи остварил и други средби со колеги од различни земји. цр/хс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот