Средба на Камерон и Герапетритис во Брисел, еден ден по откажаниот состанок на Сунак и Мицотакис

Јоргос Герапетритис/ Фото: Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

На маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис се сретнал со неговиот британски колега Дејвид Камерон, прва средба откако премиерот на Велика Британија ја откажа средбата со премиерот на Грција.

Дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека средбата била на барање на Камерон, а Герапетритис укажал на несогласувањето во однос на прашањето за враќање на скулптурите на Партенон, а двајцата министри се согласиле дека потребна е соработка за зачувување на билатералните односи меѓу Грција и Обединетото Кралство и справување со заедничките предизвици.

Шефот на грчката дипломатија утрово од Брисел рече дека грчката Влада излезе со став во врска со откажувањето на средбата на Мицотакис со Сунак и истакна дека „барањето за повторно обединување на скулптурите на Партенон е барање кое произлегува од правото, од историјата и од универзалните културни вредности“.

-Без разлика на ова, убедени сме дека билатералните односи меѓу Грција и Обединетото Кралство треба да бидат добри и со мојот колега ќе работиме во оваа насока, рече Герапетритис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот