Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

Средба Лога-Јовески, разговарале за случајот со модуларната болница

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески . Се разговарало за постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Од Министерството за правда не соопштуваат други информации и детали од самата средба.

„Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања, како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст (Единица за судска соработка на ЕУ), носење Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми“, соопшти Министерството за правда.

За случајот со модуларната болница во Тетово, како што е наведено во соопштението, министерот Лога утре ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. .

„Правдата не е трговија“, „Вистина над лага, правда над измама“, „Правдата не е шведски стол“, се само дел пораките на денешниот протест пред Основниот суд во Тетово, каде се собраа граѓани и група активисти, барајќи да се судат и казнат вистинските виновници и политичари за трагедијата со модуларната болница.

Организаторите од иницијативата „Подобро за Тетово“ побараа политичка одговорност за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите.

И Касами одржа прес конференција на тема Модуларна болнница, барајќи да се судат и казнат вистинските виновници и политичари за трагедијата со модуларната болница. Касами посочи дека изгубените животи во модуларната болница во Тетово и членовите на нивните семејства трипати биле убиени од неправдите и скандалозните одлуки на овој систем, кој сам никогаш како што рече не донел правда.

Касами: Сите повици за казни и линч се неразумни, иконаграфија како таа за време на посетата на Курти ја имало и претходно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!