Телефон/ Фото: илустрација/Unsplash

Србија воведува кривично дело „порнографија од одмазда“

До есен, Србија треба да усвои измени на Кривичниот законик со кои би се вовело ново кривично дело – порнографија од одмазда, најави во петокот српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, истакнувајќи дека посебно ќе се разгледа дали лицето на видеото дало согласност за негово снимање и дистрибуција и дали имало закани или уцени.

Како што пренесува Н1 телевизија, секоја форма на споделување содржина во која лицето на видеото не дало изрична согласност ќе биде кривично дело. Исто така, заканата дека таква содржина ќе биде споделена е исто така кривично дело предвидено во овој член.

Според него, најтешката форма на ова кривично дело е кога станува збор за дете.

„Дете, како и секој малолетник кој е на такво видео, не може дури ни да даде согласност за негово прикажување. Кога зборуваме за деца под 14 години, снимањето и прикажувањето на таква содржина е целосно забрането“, рече министерот.

На прашањето дали лице кое злоупотребува фотографија или видео што му е доброволно испратено, исто така ќе биде казнето,

„Бидејќи не дадовте согласност таа фотографија да биде споделена, дуплирана или поставена во друг контекст. Без согласност – нема споделување“, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот