Фото: Профимедиа

Србија почнува со задолжителната војска, првите регрути ќе служат веќе од јануари

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, синоќа објави дека може да се очекува првата генерација регрути да служи задолжителен воен рок на почетокот на следната година и најави дека српската армија подготвува повеќе од 120 простории за таа намена.

Гашиќ изјави дека за да се постигне тоа мора да се достават голем број законски и подзаконски акти.

„Тоа е процес кој воопшто не е лесен или евтин. Веднаш почнавме со подготовка на Министерството за одбрана, пред се на законските и подзаконските акти што треба да ги донесеме во наредниот период, и очекувам дека на есенската сесија на собранието веќе ќе влеземе со нов сет закони за војската. Во моментот кога ќе почнеме да работиме во собранието, се надевам дека ќе започне и законот за војската и враќањето, односно некаде во јануари-март, кога ќе започнеме со првата генерација војници“, изјави Гашиќ за „Еуроњуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот