Србија ќе воведе систем за предупредување од невреме, граѓаните ќе се информираат преку СМС пораки

Граѓаните во Србија во иднина преку СМС пораки, по примерот на некои европски земји, ќе се информираат за поплави, порои, невреме и земјотреси.Министерството за информации и телекомуникации воведува систем за предупредување од невреме со кој граѓаните на точна географска локација ќе ги информираат за ризични временски услови, според проценката на Секторот за вонредни состојби, пишува „Србија данас“.

Целта на системот за предупредување е барем делумно да се спречат разорните последици од суперклеточните бури, земјотреси или поплави, па граѓаните непосредно пред самото невреме  ќе бидат предупредувани за временските услови преку СМС .

СМС пораката ќе содржи кратки, прецизни информации за областа каде што се очекува, времето кога се очекува и самиот тип на појава – дали се работи за невреме или некоја друга метеоролошки дефинирана опасност. Ќе биде испратен и линк со детали, совети, предупредувања за тоа какода се однесуваат граѓаните.

Според методот на алармирање, системот ќе биде сличен на системот „Најди ме“, кој веќе функционира во Србија.

Воспоставувањето на системот се очекува најдоцна до крајот на годинава.

Во 2025 година се планира дополнително да се воспостави уште еден канал за итни јавни предупредувања преку системот CBS, кој  ќе има звучна поддршка и ќе  ги опфати странските државјани кои случајно се нашле на наша територија погодени од вонредната ситуација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот