Србија српско знаме
Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Србија изгубила 660.000 жители за десет години

Во последните 10 години, Србија изгубила повеќе од 660.000 жители, а годишно губи град со големина на Кикинда, според податоците од Републичкиот завод за статистика.

Освен што населението се намалува, населението и старее, па се очекува до 2041 година секој четврти жител да има над 65 години, а бројот на жени во репродуктивна возраст исто така значително се намалил, пренесува Н1 телевизија.

Гордана Бјелобрк од Републичкиот завод за статистика вели Србија ќе има 5,2 милиони жители во 2025 година.

„Ќе бидеме постари во просек за две до три години. Просечната возраст на населението ќе биде 46,4 години. Половина од населението ќе живее во Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац, Нови Пазар“, рече Бјелобрк, истакнувајќи дека бројот на општини со помалку од 5.000 жители и оние со 5.000 до 10.000 жители се зголемува“, вели таа.

Помеѓу последните два пописи, во 2011 и 2022 година, населението на Србија се намалило за повеќе од половина милион. Сега, тој број веќе надминува 660.000 жители.

Секоја година, Србија губи просечно град со големина на Кикинда – околу 85 проценти поради негативен природен прираст, бидејќи има повеќе смртни случаи отколку живородени годишно, а разликата се надоместува со миграција. Во просек, 11.000 повеќе луѓе ја напуштаат Србија секоја година отколку што се враќаат во земјата.

„Помеѓу последните два пописи, околу 147.000 жители ја напуштиле Србија. Просечната возраст на луѓето што одат во странство е помеѓу 30 и 35 години. Тие најчесто одат во Европа. Се враќаат по одреден период. Просечната возраст на повратниците е 44 години“, објаснува Бјелобрк.

Во првата половина од оваа година се родиле речиси 1.500 бебиња помалку отколку во истиот период минатата година. Просечната возраст на мајката која одлучува да роди е 29 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот