Србија, Грција и Црна Гора интензивно работат на поставувањето „паметни броила“, во Македонија тоа ќе се случи во наредните години

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

„Електродистрибуција Србија“ забрзано почнува да воведува паметни броила за отчитување на потрошувачката на електрична енергија во домаќинстват, набавка и поставување на 7,3 милиони паметни броила за струја на сите потрошувачи на низок напон во Грција, предвидува проектот за модернизација на инфраструктурата за пренос на енергија, а во Црне Гора заврши првата фаза од реализацијата на тој проект. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години

„Воведувањето на паметни броила во Црна Гора се исплатеше за краток временски период. Проектот финансиски се исплатеше во рок од две до три години. Ефектот беше блиску до вредноста на заемот за првата фаза од проектот, кој изнесуваше 35 милиони евра. Во некои делови ја наплаќавме потрошувачката на струја, која никогаш досега не можеше да се наплаќа“, рече Стругар, објави Политика.рс.

Што се однесува до поставувањето на паметните броила во Македонија, тоа ќе се случи во наредните години. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.

„Електродистрибуција Србија“ забрзано почнува да воведува паметни броила за отчитување на потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата и деловните субјекти со пари добиени од европските фондови. Најважно е дека замената на старите броила со нови нема да ги чини домаќинствата, а сите досегашни грешки ќе се отстранат со далечинско отчитување на потрошувачката на електрична енергија. Набавка и поставување на 7,3 милиони паметни броила за струја на сите потрошувачи на низок напон во Грција, предвидува проектот за модернизација на инфраструктурата за пренос на енергија, финансиран од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кој минатиот месец беше потпишан договор меѓу потпретседателот на ЕИБ и извршниот директор на грчкиот оператор за пренос на енергија, а во присуство на премиерот на земјата Кирјакос Мицотакис. Велимир Стругар, претставник на „Електропривреда Црне Горе“, зборувајќи за искуствата од воведувањето паметни броила на територијата на оваа република, изјави дека првата фаза од реализацијата на тој проект, со која раководел, била предизвик и голема инвестиција.

„Воведувањето на паметни броила во Црна Гора се исплатеше за краток временски период. Проектот финансиски се исплатеше во рок од две до три години. Ефектот беше блиску до вредноста на заемот за првата фаза од проектот, кој изнесуваше 35 милиони евра. Во некои делови ја наплаќавме потрошувачката на струја, која никогаш досега не можеше да се наплаќа“, рече Стругар, објави Политика.рс.

Што се однесува до поставувањето на паметните броила во Македонија, тоа ќе се случи во наредните години. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.

-Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем – рече Бислимоски.

Експертот за енергетика Жељко Марковиќ, еден од поранешните директори на „Електропривреда Србија“ (ЕПС), вели дека, гледано на глобално ниво, во 2020 година пазарот на напредна мерна инфраструктура се проценува на околу 20 милијарди долари. Прогнозата е дека со овој тренд на раст, до 2028 година, неговата вредност ќе биде околу 36 милијарди долари, бидејќи главен двигател беше зголемената употреба на обновливите извори на енергија OИЕ и потребата за мерење на енергијата двонасочно за производителите (оние кои самите произведуваат и продаваат електрична енергија).

„Предностите што им ги носи на клиентите инсталацијата на паметни броила се, меѓу другото, кумулативни податоци за три или повеќе години – до почетокот на договорот со добавувачот, како и податоци во реално време за времето на користење, а тоа преку Интернет. Потоа, во некои земји, клиентите имаат информации за влијанието врз животната средина. Тоа значи дека во секое време кога троши корисникот може да види колку јаглен, обновливи или други извори на енергија се потрошени во набљудуваниот период и врз основа на тоа како одговорен потрошувач може да донесе одлука дали да намали или зголеми потрошувачка“, истакна тој.

Тој наведува дека со паметните броила корисниците можат да имаат повеќе тарифи за цената на струјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот