Фото МВР

Срби и Црногорци се уапсени на Малта, транспортирале кокаин, марихуана и екстази

Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со малтешката полиција, ги идентификувале 27-годишиот црногорски и 28-годишниот државјанин на Србија, кои беа уапсени вчера во Малта, а за кои постои сомнение дека се членови на криминална група која подолг временски период снабдувала други криминални групи во Малта со кокаин, марихуана и синтетички дроги, јавува Н1 телевизија.

Преку оперативна работа на српската и малтешката полиција, двајцата идентификувани, според српското МВР, биле курири на  криминална група, кои транспортираат наркотици до купувачи во Малта во патнички моторни возила во претходно изградени шуплини во автомобили.

Оваа криминална група, користила жени и малолетници како придружници, со цел да ја скрие вистинската намера на патувањето.

Единицата за дрога на малтешката полиција вчера го запрела автомобилот во кој се наоѓале двајцата осомничени и двегодишно девојче.

За време на претресот, прво беше забележано дека автомобилот ги сменил регистарските таблички од српски во швајцарски, додека во шуплините и двојниот потпирач на задното седиште беа пронајдени три килограми кокаин, 20 килограми марихуана и 1.000 таблети екстази, додаде Министерството за внатрешни работи.

Осомничените се задржани во притвор од страна на малтешките судски власти, додека двегодишното девојче е предадено на надлежните социјални служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот