Хвар, Хрватска / Фото: Pexels

„Тајм аут“: Хрватска плажа е најпотценета во Европа

Списанието „Тајм аут“ објави листа на најпотценети плажи во Европа, а на првото место се најде хрватската плажа Завала на островот Хвар.

„Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но комбинацијата од сонце, море и песок останува непобедлива. Ништо не вели ‘време за одмор’ како ден поминат на плажа, препуштајќи се на сончевите зраци додека светот продолжува да си тече. Кога станува збор за одмор, плажата е најдобриот избор. Но, пренатрупаните плажи често го расипуваат тоа чувство. За среќа, Европа крие бројни скриени бисери кои се надвор од туристичкиот радар“, пишува патописецот Џон Билс.

Престижното списание потсетува дека деновите кога Хвар бил недоволно ценет одамна завршиле, но островот и понатаму нуди мир и автентична убавина надвор од туристичките жаришта. Изградбата на тунелот Питве–Завала го направила јужниот дел на островот подостапен и ги открила неговите најубави плажи.

„Завала е мало рибарско место кое се протега од морето кон брдата, а нејзината плажа е една од најубавите на Хвар. Она што ѝ недостига во содржини, го надополнува со природна убавина. Тоа е и појдовна точка за излети кон островот Шќедро – речиси ненаселено место кое нуди незаборавни искуства за пливачите“, се наведува во текстот.

Завала / Фото: LianeM / Alamy / Profimedia

Останати потценети плажи во Европа

Покрај Завала, на листата се најдоа и:

  • Скринкл Хејвен (Велс)
  • Гулпијури (Шпанија)
  • Остров Амрум (Германија)
  • Филикури (Албанија)
  • Ѓупалонсандур (Исланд)
  • Катафиги (Грција)
  • Нотр Дам, Поркрол (Франција)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот