Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

ФОТО | Според експертите: Цветната бајка на Тејлор Свифт и Тревис Келси чинела до 38.000 долари

Тејлор Свифт и Тревис Келси вчера официјално ја објавија својата веридба со заедничка објава на Инстаграм. Сцената од запросувањето, сместена во цветна градина со раскошна декорација, веднаш стана тема на светските медиуми.

Според проценките на експертите, украсувањето чинело и до 38.000 долари, а за целосниот амбиент биле потребни илјадници цвеќиња и специјални конструкции, пишува „Пипл“.

Цвеќарката Ешли Грир, сопственичка на „Ателиер Ешли Флауерс“ и поранешен дел од тимот кој ги украсувал Божиќните елки во Белата куќа за време на претседателот Обама, за списанието „Пипл“ објасни дека сцената била осмислена како „маѓепсана градина“.

За целосниот ефект биле користени околу 800 килограми зеленило, повеќе од 1.200 рози и над 1.000 други цвеќиња. Во декорацијата биле вклучени врби, бршлен, градинарски рози, анемони и кринови.

Во средиштето на просторот бил поставен шестметарски куполест павилјон, обвиен со мов и разновидни цвеќиња. Според Грир, ваква конструкција обично чини меѓу 18.000 и 30.000 долари.

Фотографиите од веридбата откриваат и два големи бетонски садови со хортензии, рози „секрет гардн“, делфиниум и розови кринови, проценети меѓу 1.000 и 3.000 долари по сад.

Инсталацијата на земјата вклучувала камења, папрати, бели божури, скобиоза и рози, како и патека рамкирана со живица и кринови. Според експертите, само оваа декорација чинела околу 4.000 до 5.000 долари.

Со сценографија која потсетува на бајка, Свифт и Келси започнаа ново животно поглавје. Пејачката ја сподели веста со следбениците преку кратка порака: „Вашата професорка по англиски и вашиот професор по спорт се венчаваат“, напиша таа во описот на објавените фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот