Фото: РК Еурофарм Пелистер

Спектакл за крај: Пелистер во Битола ги пречекува Раул и ПСЖ во последниот натпревар од Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска со почеток од 20:45 часот го пречекуваат Пари Сен Жермен во последниот натпревар од Лигата на шамоионите во оваа сезона бидејќи битолскиот клуб веќе ги загуби шансите за пласман во следната фаза.

Без разлика што македонскиот претставник е без шанси место во наредната фаза натпреварот ќе се игра пред полни трибини.

ПСЖ е еден од најсилните состави во светот во овој момент, а од клупата ги предводи шпанскиот стратег Раул Гонзалес. Тоа што нема резултатски притисок за ракометарите на Еурофарм Пелистер е можност да одиграат ослободено и без притисок.

„Оставаме зад нас тежок период. Мислам дека бевме добри, ги победивме важните натпревари против Алкалоид, Охрид и Динамо Букурешт. За жал се испостави дека нема да ја поминеме групата во Лигата на шампионите. Дуелот против ПСЖ в четврток е празник за луѓето во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите светски екипи. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. Знаеме дека ПСЖ ќе дојде мотивиран во Битола, бидејќи важно им е да завршат второпласирани во групата и директно да се пласираат во четвртфинале. Ќе дојдат во најсилен состав и со мотив да победат.

Последните натпревари против ПСЖ покажаа дека добро играме против овој тим. Одигравме храбро и не го респектиравме ривалот на првиот дуел сезонава. Така треба да бидеме и в четврток и да ги искористиме нашите шанси и нивните слаби страни.

Сакам да се заблагодарам на атмосферата во Лигата на шампионите оваа сезона. Навистина ги имаме најдобрите навивачи во Европа, салата е веќе распродадена в четврток и верувам дека фановите пак ќе бидат со нас“, изјави ракометарот на битолскиот состав, Урош Борзаш пред натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот