Фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Спектакл: Легендарниот Мани Пакјао се враќа во рингот и ќе се бори за шампионски појас

Легендарниот филипински боксер Мани Пакјао потврди дека повторно ќе се врати на боксерската сцена и тоа во голем стил. На 19 јули, во Лас Вегас, ќе влезе во рингот против актуелниот шампион во велтер категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Марио Бариос.

„Се вратив“, објави 46-годишниот Пакјао на социјалните мрежи, најавувајќи го своето враќање по речиси четири години пауза.

Пакјао во кариерата има импресивен биланс од 72 борби има 62 победи, осум порази и две нерешени средби. Тој е единствениот боксер во историјата кој успеал да стане светски шампион во дури осум различни тежински категории, подвиг кој го направи бесмртен во светот на боксот.

„Се враќам на 19 јули против ВБЦ светскиот шампион во велтер категорија Марио Бариос, во Лас Вегас. Ајде да испишеме историја!“, додаде Пакјао во објавата.

Легендарниот боксер се враќа во спортот по период посветен на политичката кариера. Од 2016 до 2022 година беше сенатор на Филипините, а во 2022 имаше неуспешен обид да стане претседател.

Овој јули ќе добие и уште една голема чест, Пакјао ќе биде примeн во Меѓународната боксерска куќа на славните, што ќе биде уште едно признание за неговиот придонес во спортот.

Од другата страна на рингот ќе биде 30-годишниот Марио Бариос, мексиканско-американски боксер со скор од 32 борби, 29 победи, два порази и едно реми. За Бариос ова ќе биде можност да го одбрани појасот против еден од најголемите во историјата на боксот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот