Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи/Фото: МВР

Спасовски: Подобро е да се одржат претседалските, па подоцна да се одржат парламентарните избори

Подобро е да се одржат претседалските, па подоцна да се одржат парламентарните избори, меѓутоа тоа е моја перцепција и мое мислење. Тоа може да биде споделено во органите на партијата, па на крајот ќе се донесе одлука. Секогаш треба да се направат анализи за тоа што е најдобро за партијата и коалицијата. Кога се прават овие анализи истите ќе бидат од аспект на тоа како ќе се настапува изборите, дали тие ќе бидат поделени, дали ќе се спојат со парламентарните избори, ако бидат раздвоени тие избори како ќе настапиме на претседателските избори , истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

„Во однос на коалицирањето, во 2019 година имавме избори во коишто имавме единствен кандидат со целата владина коалиција. Тоа може да се најави како можност и сега затоа што претседателските избори е можност да се обединат сите луѓе, не само политички партии, интелектуалци, невладини организации, интересовни групи коишто се определени за напредокот на Република Северна Македонија и за една јасна визија којашто треба да се оствари“, заклучи Спасовски.

Во однос на новоформираната партија на Максим Димитриевски, Спасовски кажа дека е добро за демократијата да се проширува политичкиот спектар , а секогаш во политиката има простор за соработка ако тоа е на ниво на вредности и идеали за која и да е политичка партија.

„Од друга страна, сите политички субјекти се формираат на ниво на вредност, на ниво на идеали, на идеологија којашто се промовира во тој поглед. Јас, реков дека Социјалдемократскиот сојуз е стожерна партија една голема коалиција со огромен коалиционен потенцијал којшто се базира на тие вредности и идеали коишто ги имаме“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител во поглед на новооформената партија на Димитриевски „Знам“.

Во однос на помирување со Груевски, Спасовски рече дека зависи што значи помирувањето, и оти е најдоброто помирувањете да биде во моментот кога ќе одговара за своите криминали и тука не треба да има компромис за луѓе кои направиле сериозни штети на државата, на демократијата, на многу процеси во државата и за тоа се водат постапки за кои секако треба да се понесе одговорност.

„Никогаш не можете човек којшто се бара со меѓународни потерници да го барате на друго место, освен да биде во затвор“, заклучи Спасовски во врска со поранешниот премиер Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот