Спасовски: Патеката на движење на првоосомничениот е идентична со нашите оперативни сознанија

За свирепото убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски МВР поднесе кривична пријава против  5 лица. Љупчо Палевски Палчо е осомничен за грабнување и киднапирање, тројца за грабнување и соизвршителство и уште едно лице е осомничено за помагање, соопшти на вонредната пресконференција, министерот Оливер Спасовски.

Понатака, случајот е целосно во рацете на ОЈО, дополни министерот Спасовски.

„Како човек, како родител и граѓанин на Македонија која деновиве живее во длабока жалост, во Турција уапсен е креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител, идентично со нашите сознанија за патеката на неговото движење. Тоа беше алката што ни недостасуваше, да ги разобличени овие монтруми, рече министерот Спасовски“.

Спасовски очекува брза екстрадиција на Палевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот