Нови регистарски таблички / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

СОЗР го објави бројот и електронската адреса за пријавување злоупотреби на службените возила

Директорот на Службата за општи и заединчки работи Ивица Томовски информира дека од денеска е во функција телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила.

Томовски информираше дека до овој момент, над 500 службени возила низ земјава веќе се со новите таблици, а голем дел се во постапка и очекува таа да биде завршена во наредниве две недели до кога е и рокот за унифицирање на возилата со специјалните таблици.

Досега само 500 службени возила добиле нови црвено-жолти таблички

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за злоупотреби. Ние ќе ги препраќаме до надлежната институција, за да се пристапи кон истражување и потврдување на евентуална злоупотреба и преземање на соодветни казни”, изјави Томовски кој истовремено ги повика сите институции да направат рационализација на возниот парк.

Бројот за пријавување е 070 399 050, а тоа може да се изврши и на електронската адреса [email protected]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот