
Три домашни напитоци што го намалуваат салото на стомакот и долго ве држат сити
Салото на стомакот или вишокот маснотии во абдоминалниот дел, особено длабокото висцерално масно ткиво кое ги обвива органите, е поврзано со сериозни здравствени ризици: срцеви заболувања, дијабетес тип 2, мозочен удар, одредени видови карцином, висок крвен притисок и замастен црн дроб, пишува „Е-клиника“.
Препорачано
Овие наслаги се сметаат за показател на зголемен ризик од метаболички синдром и други компликации, поради што неопходно е да се намалат со промени во начинот на живот – балансирана исхрана, редовно вежбање (вклучувајќи и тренинг со тежини) и контрола на стресот.
Формула за домашен напиток што согорува маснотии
Нутриционистите препорачуваат во рамките на балансираната исхрана да се вклучат и домашни напитоци, особено смути, кои можат да бидат и непријател и сојузник на нашето здравје. Сè зависи од тоа како се подготвуваат и кои состојки се користат. Со правилен сооднос на состојките можеме да останеме сити со часови, да го стабилизираме шеќерот во крвта и да ја контролираме телесната тежина.
Протеините се основа на секое смути – тие заситуваат и помагаат да се зачува мускулната маса при слабеење. Ги има во грчки јогурт или протеински прашок.
Влакната се тајното оружје. Тие ја успоруваат дигестијата, ја намалуваат потребата за грицки и го држат шеќерот во крвта под контрола. Најдобри извори се семки од чиа, лен, овес, зелено лиснато зеленчук и шумско овошје.
Овошјето треба внимателно да се избира. Не е секое овошје подеднакво ефективно за слабеење. Најдобри избори се шумско овошје, киви и зелени јаболка, додека ананасот и мангото во големи количини брзо го креваат шеќерот во крвта.
Здравите масти исто така помагаат во согорувањето на маснотиите. Авокадо, путер од јаткасти плодови, семки од чиа и ленено масло ја прават текстурата на смутито кремаста и хранлива.
Рецепти за смути кои помагаат во согорувањето на маснотиите
Нутриционистите потсетуваат дека смутито треба да биде оброк или ужина – а не калориска бомба. Ако се користи како замена за оброк, треба да содржи околу 300 до 500 калории.
1. Напиток од шумско овошје
Измешајте грчки јогурт, свежо или замрзнато шумско овошје, семки од чиа, спанаќ и несладено бадемово млеко (кое можете сами да го направите ако бадемите ги потопите во вода преку ноќ).
2. Зелен енергетски смути
Во блендер ставете кељ, краставица, зелени јаболка, авокадо, протеински прашок и вода. Брза и хранлива доза „зелено“.
3. Смути со чоколадо и кикирики
Ова смути личи на десерт, но е хранлив како цел оброк. Потребни се чоколаден протеински прашок, спанаќ, половина замрзната банана, природен путер од кикирики и несладено млеко.
4. Овесно-шумско смути
Измешајте овесни снегулки, замрзнати боровинки, ленени семки, протеински прашок и несладено бадемово млеко.